Предводникот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го прокоментира отказот на Чави во Барселона, вели дека кога односите помеѓу тренерот и клубот не се најдобри, двете страни треба да се разделат.
Во пресрет на финалето во Лигата на шампиони, Карло Анчелоти седна на разговор со „Ел Чирингито“ и говореше на многу теми, една од нив беше и отказот на Чави во Барселона.
„Тоа е дел од нашата тренерска работа. Мислам дека на Чави му е малку криво, ова му е прв пат да добие отказ, но со текот на времето ќе разбере дека ова е дел од работата“ – вели Карло Анчелоти.
„Кога односнти помеѓу клубот и тренерот не се најдобри, двете страни треба да се разделат. Ова ми се има случено многу пати, ми се случи во Наполи, во Баерн Минхен, во Челси…“
„Најдобро е да се разделите, и мслам дека ова е добро и за Чави и за Барселона“.