Реал Мадрид во луд меч го исфрли Реал Сосиедад од Копа дел Реј. На „Сантијаго Бернабеу“ гостите трипати водеа, еднаш и со два гола разлика за на крај „кралевите“ да извлечат 4-4 по продолженија и со гостинската минимална победа да одат понатаму.
По натпреварот анализа на одиграното даде Карло Анчелоти. Италијанецот нагласи дека во ниту еден момент не се сомневал во елиминација.
„Ова беше забавен натпревар со многу грешки, ама и добри работи. Беше забавно навистина, а ние сме во финалето и ја исполнивме целта. Никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани бидејќи сè може да се случи на Бернабеу. Кога моравме да се враќаме во игра, никогаш не се предаваме особено на свој терен. На моменти немавме среќа, ама никако не е добро да примите четири гола. Дадовме исто толку, ама немавме рамнотежа. Ние сме таква екипа, немаме рамнотежа, а даваме толку многу во нападот. Не е лесно да се даде четири гола со Реал Сосиедад“, изјави Анчелоти.
Реал се пласира во финалето и таму го чека подобриот од дуелот на Атлетико Мадрид и Барселона. „Кралскиот“ клуб уште е во игра за популарната „триплета“.