Анчелоти во Бразил е завршена работа, Дон Карло ги презема „кариоките“ на 26. мај

by bojan
1 минути читање
Анчелоти

Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил, италијанскиот стратег ќе го презеде кормилото на „кариоките“ на 26. мај, ден по последниот натпревар на Реал Мадрид во Ла Лига.

Откако Реал Мадрид ги загуби шансите за титула во Ла Лига по синоќешниот пораз на гостувањето кај Барселона, почнаа да се кројат планови за промените на „Бернабеу“.

Чаби Алонсо ќе биде именуван за нов тренер и тоа веднаш ќе почне со работа, односно на 1. јуни и ќе ги предводи „кралевите“ на Светското клупско првенство.

Што се однесува до Карло Анчелоти, новинарот Дејвид Орнштајн вели дека италијанскиот стратег ќе го презеде кормилото на Бразил и ова е завршена работа.

Дон Карло својата нова авантура ќе ја почне на 26. мај, ден по последниот натпревар на Реал Мадрид во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×