Карло Анчелоти имаше доста забелешки за своите избраници по поразот од 3-0 на Емирати, статистиката го поддржува тренерот на Реал Мадрид со оглед на тоа дека фудбалерите на Арсенал претрчаа 12,7 км повеќе.
Арсенал синоќа со 3-0 го совлада Реал Мадрид, но победата на „топчиите“ лесно може да биде уште поубедлива, Куртоа имаше неколку добри интервенции, а од гол линијата по еднаш расчистуваа Алаба и Белингем.
По крајот на натпреварот, Карло Анчелоти имаше доста забелешки за своите избраници, и статистиката го поддржува тренерот на „кралевите“.
Фудбалерите на Арсенал претрчаа 113,9 километри, односно 12,7 повеќе во однос на своите ривали од Реал Мадрид (101,2 км).
Новинарот Раул Варела вели дека ова особено боли ако се земе во предвид фактот дека Карло Анчелоти пред неколку месеци ги искористил „топчиите“ како пример за тоа како секој треба да придонесува и да гине на теренот.
Тренерот на своите ѕвезди им покажал анализа од победа на Арсенал над Манчестер Сити и им посочил дека Тросар претрчал над 10 км, Хаверц речиси 11 км, додека пак Одегард, Мартинели и Сака преку 11 км.
Италијанецот потоа ги презентирал бројките на Реал Мадрид, Килијан Мбапе бил очаен со претрчани 5 км, помалку дури и од голманот Тибо Куртоа.
Оваа статистика го променила пристапот на ѕвездите на Реал Мадрид на следните мечеви, но очигледно тие повторно потфрлија вчера против Арсенал.