Анчелоти: Секогаш кога треба да играм против Пеп ме боли глава и имам кошмари

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е свесен дека неговиот тим го чека тешка задача во натпреварот против Манчестер сити во 1/16 финалето од Лигата на шампионите.

Ждрепката сакаше уште во плеј-офот за Лигата на шампионите да се сретнат двата гиганти кои немаа најдобар прв дел. Посебно тоа важи за „граѓаните“ кои завршија 22-та позиција.

„Натпреварот ќе биде чиста класика. Ќе биде интересен како никој друг. Тешко е да се каже како ќе заврши, многу зависи од индивидуалниот квалитет, карактер, желба…Без разлика на формата, Манчестер сити е тим со највисока класа фудбалери и го има еден од најдобрите тренери во светот.

Низ годните Пеп даде многу иновации на фудбалот, секогаш кога треба да играм против него ме боли глава и имам кошмари затоа што морам да мислам буквално на се и на секој детал. Изненадување е што мораме да се сретнеме толку рано бидејќи можеше да биде во финалето или полуфиналето. Сепак, ние сме виновни за ситуацијата во која се најдовме, не УЕФА“, изјави Анчелоти.

Нарпреварот помеѓу Реал и Манчестер сити е закажан за во терминот од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани