Карло Анчелоти е свесен дека шансите на Реал Мадрид за место во полуфиналето значително се намалија, но верува дека негативата може да биде надополнета на Бернабеу.
Реал Мадрид реваншот ќе го почне со негатива од три голови, тоа ќе биде исклучително тежок предизвик за тимот на Анчелоти, но тој верува дека може да се вратат и од тој резултат против тим каков што е Арсенал.
„Многупати сме се враќале, треба пак да го направиме тоа. Мора да гледаме напред. Треба да направиме се што е можно во реваншот, од првата до последната минута“, вели Карло Анчелоти.
„Не го очекувавме ова. Во првите 60 минути мислев дека бевме добри. Паднавме малку откако стана 2-0. Шансите сега ни се многу мали, но ќе се обидеме“.
„Дали Арсенал е подобар тим од нас? Вечерва беа подобри. Направија многу работи подобро. Никој не очекуваше дека Арсенал ќе даде два гола од слободен удар“.