Анчелоти побара нов договор за Модриќ и го спореди со една легенда: Ме потсеќа на Малдини…

by bojan
1 минути читање
Модриќ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека Лука Модриќ треба да продолжи да го носи белиот дрес и го спореди Хрватот со легендарниот Паоло Малдини.

Лука Модриќ и со 39 години покажува дека има уште многу да понуди, Хрватот денеска против Жирона постигна прекрасен гол од 25 метри, ја смири топката на гради и потоа со полуволеј неодбранливо биеше во аголот за предност на Реал Мадрид од 1-0.

„Модриќ е подарок за фудбалот. Треба да продолжи додека сака да игра. Имаме среќа што во тимот имаме легенда како него, играч кој дефинираше една ера, играч кој е пример за сериозност, квалитет и професионализам“ – вели Карло Анчелоти.

„Имав еден друг играч кој имаше 40 години – тоа е Малдини. Двајцата можат да се посочат како пример за тоа што еден фудбалер треба да биде. Не случајно играа на високо ниво на 40 години. Точно е дека генетиката е важна, но исто толку важна е и посветеноста и ставот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани