Реал и Атлетико одиграа 1-1 во дербито на Мадрид во рамките на Ла Лига. Успеаја „кралевите“ да се задржат на првата позиција на табелата со овој резултат. Карло Анчелоти по натпреварот не сакаше директно да го коментира судењето.
„За пеналот? Не сакам да зборувам за судењето и не ме прашувајте за тоа. ВАР е тој што досуди пеналот, а го направи тоа откако судијата јасно ја виде ситуацијата и процени во моментот на лице место. Слична ситуација имаше и на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Џирона. Луѓето во фудбалскиот свет не ги разбираат судиските одлуки, не сакам да ширам контроверзии. Не знам дали нашата претходна реакција влијаеше на судиите. Екипата е разочарана бидејќи смета дека може да победиме. Мораме да бидеме задоволни бидејќи сме и понатаму први, зад нас е многу напорна седмица и сега треба да сме мирни“, изјави Анчелоти.
Во Ла Лига и натаму водечки е Реал Мадрид, со еден бод повеќе од Атлетико Мадрид, додека пет од Барселона која вечерва игра со Севиља.