Карло Анчелоти, актуелниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, е осуден на една година затвор поради непријавени приходи од маркетиншки права од времето кога во 2014 година го водеше Реал Мадрид.
Сепак, со оглед на тоа што не се работи за насилничко кривично дело и фактот што Анчелоти досега не бил осудуван, според шпанските закони, ќе има можност затворската казна да ја компезира со плаќање казна од 386.000 евра.
Италијанскиот стратег во овој момент ја предводи селекцијата на Бразил, со која успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година. Со тоа, „кариоките“ остануваат единствената репрезентација што учествувала на сите досегашни мундијали.
🚨🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Carlo Ancelotti has been sentenced to one year in prison for tax fraud in 2014.
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) July 9, 2025
— @EFEnoticias pic.twitter.com/zrOmzko9l5