983
Шпанските медиуми во текот на вчерашниот ден објавија информација дека италијанскиот стратег Карло Анчелоти има намера да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната.
Сепак, денеска се огласи самиот Анчелоти кој вели дека нема намера да замине од Мадрид.
„Ќе бидам јасен. Никогаш нема предвреме да објавам датум кога би заминал, тоа го решавам моментот кога ќе дојде, не се планиеам. Можеби ќе биде за неколку години, можеби и за неколку дена. Флорентино Перез ќе остане тука до 2029 година и моја цел е да бидам со него“, истакна Анчелоти.