Винисиус нема да биде дел од репрезентацијата на Бразил за престојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 година.
За многумина оваа одлука е изненадување иако Карло Анчелоти има реална причина да не го повика.
Винисиус е суспендиран за натпреварот против Чиле поради жолти картони, па единствено нема да настапи против Боливија меч кој е последен од квалификациите. Бразилците веќе обезбедија пласман на Светското првенство.
Поради настапот на Светското клупско првенство, играчот на Реал Мадрид подоцна ги почна подготовките, па уште не е влезен комплетно во новата сезона.
Италијанскиот стратег сака да го поштеди Бразилецот, но во оваа земја како големо изненадување се пишува за оваа негова одлука.