Анчелоти го „шкртна“ Нејмар и објасни што треба да направи напаѓачот за настап на СП

by bojan
1 минути читање
Нејмар

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти не го повика Нејмар за пријателските натпревари против Франција и Хрватска, вели дека напаѓачот треба да биде 100% фит за повторно да го облече дресот на „кариоките“.

Се години, навивачите укажуваат на една необична коинциденција, Нејмар е повреден околу роденденот на неговата сестра Рафаела.

Тоа што на почетокот беше само чудна статистика, денес е тема за шеги и мемиња помеѓу фудбалските навивачи.

Така беше и оваа година, кога непосредно пред натпреварот помеѓу Мирасол и Сантош пристигна информација дека напаѓачот ќе го прескокне овој дуел.

Но за несреќа на Нејмар, на трибините за овој меч беше Карло Анчелоти, кој од прва рака сакаше да се увери каков е прогресот на напаѓачот, па откако не виде ништо, реши да не го повика за пријателските натпревари против Франција и Хрватска, последната контролка пред Светското првенство.

„На листата има играчи кои се 100% фит, бидејќи играме два важни натпревари, натпревари со висок интензитет, без простор за одмор“ – вели селекторот на Бразил.

„Го гледав натпреварот помеѓу Мирасол и Сантош, но Нејмар не играше, мораме да го почитуваме тоа“.

„Нејмар може да настапи на Светското првенство, треба само да биде 100% фит. Тој треба да продолжи да работи напорно, да игра и да покаже што умее кога е во топ форма“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×