721
Италијанскиот стратег на кормилото на Реал Мадрид, Карло Анчелоти најави дека неговиот тим од 20 јануари ќе биде посилен за Давид Алаба.
Алаба подолго време е надвор од терените поради тешка повреда, неодамна започна со тренинзи, но ќе му биде потребно уште малку за да може да игра натпревари.
„Со Алаба во тимот ќе имаме повеќе можност за ротација во одбраната. Тој е блиску да се врати со играње натпревари и ќе го имаме на располагање од 20 јануари“, изјави Анчелоти.
Враќањето на Алаба може да значи и дека Реал Мадрид нема да се засилува во одбраната во зимскиот преоден рок.