Давиде Анчелоти не се снајде најдобро во улогата на прв тренер, откако за првпат ја доби шансата самостојно да води еден клуб.
Од моментот кога ја стекна тренерската лиценца, тој речиси постојано беше дел од стручниот штаб на својот татко, Карло Анчелоти, со кого работеше на највисоко ниво, а од 2023 година поседува и УЕФА Про лиценца. Во периодот додека Италијанецот беше на клупата на Реал Мадрид, Давиде често беше опишуван како негово „тајно оружје“.
Првата можност да се докаже како шеф на стручниот штаб ја доби во Ботафого, но не успеа да ги оправда очекувањата. Проблемите започнаа уште на стартот, особено по коментарите во бразилските медиуми дека клубот ангажирал „презиме“, а не тренер.
По завршувањето на сезоната на шестото место во Серија А и елиминацијата во осминафиналето од Копа Либертадорес, каде Ботафого беше елиминиран од еквадорскиот ЛДУ Кито, стана јасно дека разделбата е неизбежна.
Давиде Анчелоти доби отказ и од денеска официјално е во потрага по нов ангажман. Сепак, тој нема целосно да остане без работа, бидејќи повторно е дел од стручниот штаб на неговиот татко, сега на селекторската позиција во Бразил.