Анчелоти до Начо: Луд си, или што е работава?

by bojan
1 минути читање
Начо

По триумфот над Борусија Дортмунд во финалето во Лигата на шампиони, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изрази надеж дека Начо ќе стави потпис на нов договор.

Начо е обврзан кон „кралевите“ до 30. јуни и често се пишува дека летово ќе го напушти Мадрид.

Ова не му се допаѓа на Карло Анчелоти, кој изрази надеж дека дефанзивецот ќе се обврзе на нова соработка со Реал.

„Му кажав на Начо дека сметам на него. Искрено не знам што тој чека, му кажав, „Луд си, или што е работава?“. Ми објасни дека требал да размисли, а јас му порачав „Навистина добро треба да размислиш“. Се надевам дека ќе остане“ – порача тренерот на Реал Мадрид по триумфот над Борусиај Дортмунд во финалето во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани