Анчелоти за можноста Наполи да ги купи Хамес Родригез и Пепе, и на која позиција планира да го игра Елмас

by
1 минути читање

Наполи продолжува
да прави тим со кој ќе го предизвика Јувентус за Скудетото и по ангажманот на
Елиф Елмас, сега се насочува кон неколку други желби на Карло Анчелоти.

Денеска имаше шпекулации дека агентот на Хамес Родригез, Жорж Мендеш пристигнал
во тренинг кампот во Димаро, но ваквите вести се покажаа како неточни. Сепак,
базата на „наполитанците“ беше посетена од агенти, и тоа оние на Николас Пепе
од Лил.

„Очигледно е дека
сме заинтересирани за Пепе, неговите агенти се тука, беа во нашиот хотел и се
поздравив со нив. Нема потреба да го криеме ова. Преговорите се во тек и ќе
видиме што ќе се случи“
– вели Карло Анчелоти.

Запрашан дали евентуален ангажман на Николас Пепе ќе значи откажување од Хамес
Родригез, стратегот вели: „Сите преговори се отворени. Реал Мадрид сака да го
продаде Хамес, Наполи сака да го купи. Не сме ниту оптимисти, ниту песимисти.
Заинтересирани сме за неколку играчи, ќе видиме што ќе се случи“.

Елиф Елмас оваа
недела конечно потпиша за Наполи и вчера ги одигра првите минути на пријателскиот
меч со Кремонезе.

Околу позицијата
на која планира да го користи Македонецот, Карло Анчелоти вели: „Може да игра
лево во среден ред составен од четворица играчи, може да игра пред одбраната, а
може и како треквартиста. Тој е модерен фудбалер од средниот ред. Фудбалот се промени,
тешко е сега да најдете специјалист за одредена позиција. Од играчите бараме да
извршуваат различни улоги и тие еволуираат. Елмас е како Фабиан Руиз и Пјотр
Зелински, може да игра на сите позиции“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×