Карло Анчелоти вели дека повредите е една од причините зошто Еден Азар не блеснал во Реал Мадрид, но фудбалерот од Белгија не знаел и како да се справи со големата конкуренција на „Бернабеу“.
Еден Азар е најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид, но напаѓачот се покажа како големо промашување, предвреме го раскина договорот и замина во пензија со 33 години.
Во разговор со Џон Оби Микел, Карло Анчелоти сега објасни зошто фудбалерот од Белгија не блеснал на „Бернабеу“.
„Еденн Азар е фантастично момче, сите веднаш го прифатија и имаше добар однос со останатите играчи. Да повредите беа една од причините зошто не се снајде, но имаше и проблем со тоа што не можеше да биде конкурентен за место во тимот“ – вели тренерот на Реал Мадрид.
Џон Оби Микел со насмевка на лицето рече: „Знаеме дека не сака да тренира“.
„Да, точно е дека не сака да тренира… но кога играте на секои три дена, не е важно дали тренирате со висок интензитет“.
„Треба да тренирате со висок интензитет кога не играте“.
„Во Лил играше на сите натпревари, исто и во Челси, беше фантастичен. Но потоа имаше повреда. А кога сте во Реал Мадрид и се враќате од повреда, морате да бидете конкурентни бидејќи секогаш има некој кој е подготвен да го завземе вашето место“.
„Мислам дека имаше потешкотии да биде конкурентен, да се бори и да се наметне за поголема минутажа“.
Ancelotti explains Eden Hazard's situation pic.twitter.com/1nrc74atp3
— Rk (@RkFutbol) August 2, 2024