Анчелоти синоќа испиша историја, но дали Реал може да го собори неверојатниот рекорд на Барса?

by bojan
1 минути читање
Анчелоти

По синоќешната победа на Реал Мадрид над Алавес, Карло Анчелоти испиша историја и го надмина постигнувањето на Алберто Ормаечеа, Италијанецот сега има серија од 39 натпревари без пораз во најсилното првенство на Шпанија.

Карло Анчелоти синоќа стигна до 300 натпревари на клупата на Реал Мадрид и убавиот јубилеј го прослави во голем стил.

Со победата над Алавес, Италијанецот испиша историја, сега има серија од 39 натпревари без пораз во најсилното првенство на Шпанија, и го надмина постигнувањето на Алберто Ормаечеа.

Сега се поставува прашањето дали Реал Мадрид може да го собори неверојатниот рекорд на Барселона.

„Каталонците“ во периодот од април 2017 до мај 2018 имаа серија од 43 натпревари без пораз во Ла Лига.

Пред избраниците на Карло Анчелоти сега се неколку незгудни натпревари и пресметки против Атлетико Мадрид, Виљареал и Селта.

Доколку „кралевите“ останат непоразени, ќе имаат можност да го изедначат рекордот токму против Барселона и на „Ел Класико“ дуелот закажан на 26. октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани