Новинарот Роберто Моралес открива деака Реал Мадрид пред неколку недели го известил Сантијаго Солари дa се подготви за преземање на кормилото на првиот тим, информација која го налутила Карло Анчелоти.
По тешките порази од Барселона и Милан, почнаа да кружат гласини за можен отказ на Карло Анчелоти, а ова придонело за немир во соблекувалната на Реал Мадрид.
Како што пренесува новинарот Роберто Моралес, Карло Анчелоти се налутил кога дознал дека „кралевите“ влечат конкретни чекори, па затоа и покажал нетипично однесување на пресот оваа недела, кога ги нагласуваше своите успеси во кариерата.
„Се прашувате зошто видовме еден поинаков Анчелоти на пресот пред дуелот со Ливерпул, во издание во кое ретко сме го виделе? Практично го презентираше своето CV“ – вели Роберто Моралес.
„Извори од клубот ми кажуваат дека пред неколку недели му било кажано на Сантијаго Солари да се подготви за преземање на првиот тим. И за ова разбрал Карло Анчелоти, исто како што разбравме и ние. Па Карло Анчелоти прилично се налутил“.
За иднината на Карло Анчелоти повторно има многу прашалници по поразот од Ливерпул на Енфилд, се говори дека стратегот наскоро ќе се сретне со претседателот Флорентино Перез и ќе му ја објасни кризата низ која поминуваат „кралевите“.
Италијанецот очигледно има верба во себе и своите фудбалери, преку новинарот Алберто Черути испрати порака: „Запаметете, Реал Мадрид ќе биде во финалето од Лигата на шампионите во Минхен. Ние ќе бидеме таму“.