Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека нема потреба да го шпионира тренингот на Борусијa Дортмунд, знае практично се за противникот.
Во пресрет на пресметката помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, медиумите од Германија објавија дека „милионерите“ нема да тренираат на „Бернабеу“ бидеји стравувале од шпионажа.
Па на средбата со новинарите, Карло Анчелоти беше запрашан за необичниот потег на својот помлад колега Нури Шахин.
„Фудбалот многу се промени, во денешно време знаеме практично се за противникот бидејќи можеме да ги гледаме сите нивни натпревари. Нема тајни, имам доволно информации за да го анализирам противникот“ – вели тренерот на Реал Мадрид.
Овие два тима се сретнаа пред неколку месеци во финалето на Лигата на шампиони, натпревар кој Реал Мадрид го доби со 2-0.
„Борусија има неколку промени, како прво имаат нов тренер, дојдоа и некои нови играчи. Да, и понатаму го негуваат истиот фудбал, работат многу и се квалитетни како колектив. Играат со голем интензитет и секогаш се противник кој ве става на мака“.