274
Според информациите кои
пристигнуваат, Фудбалската Федерација на Италија започна преговори со Карло
Анчелоти околу селекторската позиција на Аѕурите.
Трофејниот фудбалски
стратег е без ангажман откако во септември го напушти Баерн Минхен, а за денес
е закажан состанок помеѓу италијанската куќа на фудбалот и Џанпјеро Вентура,
сегашниот селектор на Италија околу прекинување на соработката откако оваа
селекција не избори место на Мундијалот во Русија идната година.
Се шпекулира дека
Вентура бара оштета од 700.000 евра за да си замине од клупата на Италија за
која се пофали дека ја предводел успешно со само два порази во изминативе две
години.