Наполи понуди 80 милиони евра на Лил, тоа беше доволна сума за да се купи Пепе, но не успеа да ги договори личните услови со фудбалерот кој очигледно го одбира Арсенал кој исто така понуди 80 милиони евра.
По вчерашниот меч против Ливерпул кој Наполи го доби со 3-0, Анчелоти изјави дека не е разочаран што не го добија Пепе.
„Не сакам да зборувам за играчи од други тимови, но можам да ви кажам дека не сум разочаран“, изјави Анчелоти со што призна дека тие ја загубиле битката.
„Се уште има многу до крајот на преодниот рок. Имаме други многу добри фудбалери кои се уште се на одмор како Алан, Кулибали и Фабиан Руиз“.
„Се интересираме за неколку фудбалери, и доколку има можност за ангажман ќе ја искористиме“.