Анчелоти пристигна во Ливерпул на нова рунда преговори со Евертон

by
1 минути читање

Карло Анчелоти
минатата недела доби отказ од Наполи но за кратко време може да  му се врати на
фудбалот. Италијанецот е прва желба на Евертон за наследник на Марко Силва,
главниот акционер Фархад Мошири и претседателот Бил Кенврајт сметаат дека
искусниот стратег е идеален човек за тренерското столче на Гудисон Парк.

Неколку извори од
„островото“ сега пренесуваат дека Карло Анчелоти пристигнал во Ливерпул на нова
рунда преговори со „карамелите“. Се очекува во скоро време да падне дил и Евертон
да има нов тренер веќе за дуелот со Арсенал во сабота.

Данкан Фергусон,
кој на привремена основа го предводеше Евертон против Челси и Манчестер
јунајтед, а ќе биде на клупата и за дуелот со Лестер во Лига купот, треба да
остане како дел од персоналот на Карло Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×