Анчелоти пресече, Баерн Минхен донесе одлука од која за момент ќе здивне Арсенал, а ќе се израдува Манчестер Сити

by
2 минути читање

Баерн Минхен се повлекува од трката за Санчез, ова го открива претседателот на
тимот од Минхен, Карл-Хајнц Румениге кој истакна дека одлуката за повлекување од
трката за Санчез ја донел италијанскиот стратег од клупата на „Баварците“,
Карло Анчелоти, а како причина наведол дека не му се потребни дополнителни
засилувања во нападот.

Повеќе не сме
заинтересирани за Санчез. Направивме договор со Анчелоти дека повеќе не ни е
потребен напаѓач
“ изјави Румениге за германските медиуми.

Сепак, на ова
најмногу ќе се радува Манчестер Сити, кој е најзагреан за услугите на Санчез во овој момент, речиси без конкуренција, притоа за момент ќе здивне Арсенал кој прави максимални
напори да го договори Чилеанецот да стави потпис на нов, долгогодишен договор,
актуелниот истекува идното лето.

Во изјава за медиуми во Чиле, Санчез истакна дека тој веќе ја донел својата одлука, останатото е во моментов во рацете на Арсенал.,

Реалноста е дека
не зависат сите работи од мене, јас веќе ја донесов мојата одлука, сега сум во
исчекување на одговорот од страна на Арсенал, се зависи од клубот во овој
момент, ќе почекам, ќе бидам трпелив за да видам што ќе се случи, односно кои
се нивните планови
“ издвои Санчез.

Санчез кој
моментално е на одмор во својата земја, додаде дека сака да игра во Лигата на
шампионите.

Мојата желба е
да играм во Лигата на шампионите, тоа е мојот сон уште од мали нозе
“ заврши
Санчез во изјавата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани