Анчелоти подготвува изненадување за Јувентус со Елиф Елмас во стартниот состав?

by
1 минути читање

Викендов на
програмата е второто коло во Серија А, а дербито се игра во Торино каде
актуелниот шампион Јувентус го пречекува Наполи.

Според пишувањата
на Кориере дело Спорт, Карло Анчелоти разгледува две опции за овој натпревар.
Првата е да го започне мечот со истиот тим како на гостувањето кај Фиорентина
во првото коло, а втората е да направи две измени во составот.

Втората опција на
еден начин треба да е изненадување за Јувентус, бидејќи наместо формацијата
4-2-1-3, Наполи ќе се врати во класична формација 4-3-3. Нападот ќе остане
непроменет и ќе биде составен од Инсиње, Мертенс и Каљехон, но промена ќе има
во средниот ред и дефанзивата.

Елиф Елмас ќе го
замени Ален, Македонецот ќе игра покрај Фабијан Руиз и Зјелински на средината од
теренот. Ова трио одлично си ја одработи задачата во завршницата од мечот со
Фиорентина, кога Наполи рутински го приврши мечот и на крајот славеше со 3-4.

Во одбраната ќе
има промена на десната бековска позиција, и шанса ќе добие Никола Максимовиќ на
местото на Џовани Ди Лоренцо. Природна позиција на Србинот е централен
дефанзивец, па КДС посочува дека ова ќе биде „одбрана од три ипол“.

Новото рекордно
засилување, Ирвинг Лозано дербито против Јувентус ќе го започне од клупата за
резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×