Анчелоти одбива да превземе вина за бледата партија и се правда: Не го играв Елмас на погрешна позиција

by
1 минути читање

Елиф Елмас синоќа
беше стартер за Наполи, играше по десната крилна позиција, беше прилично незабележителен
и прв го напушти теренот во продолжението од мечот.

Тој доби критики
и лоши оценки од медиумите за играта која ја прикажа и начинот на кој ја
одработил улогата која ја добил. Mногумина сметаат дека вина за бледата
партија сноси и Карло Анчелоти, кој го играл Македонецот на погрешна позиција,
но стратегот не мисли така.

„Не го играв на
погрешна позиција. Не беше класично десно крило и замена за Каљехон. Играше во
средината десно, исто како што Фабијан играше во финалниот дел од натпреварот“

се правда тренерот на Наполи.

„По десната страна извршуваше само задолженија во одбраната, како што се
случува и секојпат“.

„Можеби Елмас
можеше да понуди многу повеќе во првиот дел, но тој е младо момче на кое треба
да му дадеме поддршка за правилно да се развие“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×