Продолжува црната
серија за италијанскиот вицепрвак Наполи, откако оваа екипа каде воедно
настапува и нашиот репрезентативец Елиф Елмас, го забележа и осмиот меч во
серија без победа, всушност, тимот од Неапол нема победа од 19 октомври во сите
конкуренции.
Ситуацијата во
клубот е далеку од добра, а веројатно и атмосферата во соблекувалната е „разнишана“
по сите случувања, а се’
започна кога клубот воведе карантин, одлука која дел од фудбалерите ја „бојкотираа“,
па на сцена настапија дури и казни.
Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти не сака да ја преземе целосната
одговорност, тој побара за очајните резултати на тимот вина и одговорност имаат
и самите фудбалери.
„Фудбалерите исто
така треба да чувствуваат одговорност, нема да ја преземам целосната
одговорност сам, не сакам тоа да го сторам, преземам дел од тоа, меѓутоа не и
целосно, фудбалерите се тие кои играат на теренот. Од моја гледна точка,
фудбалерите мораат да излегуваат на терените со повеќе решителност“ наведе
Анчелоти.