Анчелоти објасни зошто Наполи го ангажира Лозано

by
1 минути читање

Карло Анчелоти ги
објасни причините кои стојат зад одлуката на Наполи да се ангажира Хирвинг
Лозано од ПСВ и тоа за цели 42 милиони евра.

Лозано ова лето и
официјално стана член на Наполи, и тоа на само 24 часа пред гостувањето на
тимот кај Фиорентина во првото коло од новата сезона во Серија А, шефот на
стручниот штаб на тимот од Неапол вели дека ангажиран е одличен фудбалер.

Потпишавме со
премногу добар фудбалер, работевме на тоа да го доведеме тука подолг период,
тоа не беше едноставен договор, но, сега тој дополнително ќе го засили нашиот
квалитет во нападот
“ вели Анчелоти.

Лозано имаше
голема желба да дојде тука, може да игра на десната страна, веднаш зад
напаѓачот, исто така може да настапува и како централен напаѓач и понекогаш да
игра на левата страна
“ додава Анчелоти.

Ние бевме многу
заинтересирани за такво нешто, сакаме фудбалери кои играат на повеќе позиции и
ни нудат повеќе опции, не сакаме специјални фудбалери, тој е напаѓач, но
истовремено доста непредвидлив во играта
“ заклучи искусниот италијански
фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×