Анчелоти објасни зошто Мората ја „грее“ клупата а Бензема е прв напаѓач

by
1 минути читање

„Кралевите“ пред
почетокот на сезоната решија да ја искористат опцијата да го вратат Алваро
Мората во своите редови, откако напаѓачот имаше две солидни години во Јувентус.

Голгетерот на Сантијаго Бернабеу има ограничена минутажа, најчесто е резерва, а тоа не се менува и покрај фактот дека Алваро Мората ја
користи секоја добиена шанса.

Шпанецот има
повеќе погодоци од Карим Бензема, но Французинот ужива голема доверба кај
својот сонародник Зинедин Зидан, и останува прв избор за нападот.

Поранешниот
тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сега ја објасни оваа ситуација.

„Мората игра
толку малку кај Зидан бидејќи Бензема е најдобриот партнер на Кристијано
Роналдо
во форот”
– вели Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани