Анчелоти никако да даде одговор на најпоставуваното прашање: Во моментот една работа е јасна…

by bojan
2 минути читање
Куртоа

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти никако да каже кој ќе брани во финалето во Лигата на шампиони, дали Андриј Лунин ќе биде на голот или пак шанса ќе добие Тибо Куртоа.

Изминатиов период, Карло Анчелоти редовно добива прашање за тоа кој ќе биде голман во Лондон и финалето во Лигата на шампиони.

Андриј Лунин сериозно се наметна по одличните партии во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, додека пак голманот од Белгија синоќа со 10 одбрани против Алавес, уште еднаш покажа дека не треба да биде отпишан без разлика на долгата пауза.

„Во моментов едно е јасно, во преостанатите два натпревари во Ла Лига, на еден ќе брани Лунин, на другиот ќе брани Куртоа“ – рече синоќа Карло Анчелоти, и уште еднаш умешно избегна да даде конкретен одговор.

Самиот Тибо Куртоа пак испрати силна порака: „Се чувствувам многу добро. Разбирам дека одредени луѓе имаа сомнежи, но знаев дека ќе се вратам силен. И понатаму сум тој стариот Куртоа, ако не и подобар. Ќе продолжам да работам напорно. Ми беше потребен ваков натпревар, со многу удари кон голот. Против Кадиз имаше само една ситуација еден на еден, и уште еден шут од далечина. Против Гранада и да немав работа“.

„Против Алавес имав многу одбрани и ми беа потребни тие блиски, брзи, рефлексни шутеви. Горд сум со интервенциите што ги направив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани