Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на лекциите кои ги доби од сопругата на Феде Валверде и откри зошто решил од игра да го повлече Уругваецот.
Реал Мадрид синоќа забележа нов голем пораз на домашен терен, загуби од Милан со 1-3 во Лигата на шампиони.
Резултатот донесе тензија во Реал Мадрид, а критики на адреса на Карло Анчелоти стигна од Мина Бонино, сопругата на Феде Валверде.
Таа реагураше откако Уругваецот беше повлечен од игра на полувремето и првите 45 минути ги играше како десно крило во среден ред составен од четворица фудбалери.
„Ќе морам да го исклучам (Икс), така е подобро, во спротивно ќе завршам во затвор“ – напиша Бонино и предизвика лавина на реакции.
Откако еден навивач и посочи дека можеби одлуката е од тактички причини, таа одговори: „Брате, Феде најдобро игра во средниот ред. За што зборуваш ти? Кога конечно ќе сфатат дека Феде не е крилен напаѓач?“
Постот набрзина беше избришан, но Карло Анчелоти не остана покус.
„Малку ми е комплицирано да дадам коментар за тоа што мислат луѓето на социјалните мрежи. Го извадив Валверде од игра бидејќи не беше на 100%, имаше одредени проблеми со грбот. Изгледаше дека е опоравенбидејќи вчера тренираше добро, но денеска не беше на потребното физичко ниво. Затоа го променив“ – порача Карло Анчелоти.