Анчелоти има добра причина да стартува со Елмас на мечот против Лече

by
1 минути читање

Вицепрвакот на
Италија, тимот на Наполи утре пред своја публика го пречекува Лече, а шефот на
стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти има добра причина која би го натерала
на тој меч да стартува со нашиот Елиф Елмас.

Алан, кој е
главната конкуренција на младиот Македонец е повреден а воедно и вон
комбинација за пресметката со Лече, истото важи и за Манолас и Јунес, па
веројатно е дека Елмас ќе почне од првата минута.

Елмас досега
забележа настап во сите три кола во Серија А, токму со Алан беа заменувани, а
откако Бразилецот и дефинитивно отпадна од комбинација, сосема очекувано е
Елмас да стартува по втор пат во Серија А, откако тоа најпрво се случи во
победата над Сампдорија од 2-0 на домашен терен кога нашиот репрезентативец
играше се
до 76. минута кога
беше заменет со Инсиње.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×