Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека нема ништо од трансфер на Винисиус Жуниор во Саудиска Арабија, додава дека ова се обични трансфер шпекулации.
Во пресрет на новата сезона, пристигнаа информации за желбата на Саудиска Арабија да го ангажира Винисиус Жуниор.
Арапите сакаат да го направат Бразилецот главен промотор на мундијалот во 2034, па нема да штедат пари за негов ангажман, и се говореше дека му го нудат најбогатиот договор во историјата на спортот, тежок 1 милијарда евра за пет години.
И додека сите внимателно следат каква ќе биде разврската, тренерот Карло Анчелоти вели дека нема ништо.
„Нема ништо, ова се само обични трансфер шпекулации, апсолутно нема ништо“ – рече предводникот на Реал Мадрид на денешната средба со новинарите пред утрешниот дуел против Аталанта во Суперкупот на Европа.