Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри дека разговарал со Родриго по контроверзниот пост кој го објави Бразилецот.
„Кралевите“ оваа сезона ќе имаат страшен напад, но многу ѕвезди во тимот секогаш носат одредени главоболки за тренерот.
Веќе на почетокот од сезоната се случи првата контроверзија, Родриго се огласи на социјалните мрежи и изрази незадоволство од тоа што медиумите целиот фокус го ставија врз Белингем, Винисиус и Мбапе, и пишуваа за новото трио „БМВ“.
Сепак, Карло Анчелоти реагирал брзо и го изгаснал пожарот по контроверзината објава на Бразилецот.
„Разговарав со Родриго и го прашав дали се случило нешто. Ми кажа дека тој не ја испратил пораката. Тој е среќен тука и прикажува одлични партии. Нем аникаков проблем“ – вели тренерот на Реал.
„Знаеме со каков квалитет располага, играше одлично и против Аталанта, и против Мајорка. Ми кажа дека е среќен и тука завршува целата приказна“.