Анчелоти ги предупредува ривалите во ЛШ: Го имаме истиот ентузијазам како „стариот“ Милан

by
1 минути читање

Искусниот
фудбалски стратег и шеф на стручниот штаб на Наполи, Карло Анчелоти во изјава
пред утрешната средба со Црвена Звезда во Белград во рамките на првото коло од
овосезонската Лига на шампиони вели дека неговата екипа мора да оди чекор по
чекор, тој тоа го сторил со Милан, а може истото да го повтори и со Наполи,
која многу го потсетува на Росонерите кои во минатото го имале истиот
ентузијазам и желба за надигрување.

Само во Реал
Мадрид се соочив со огромни очекувања за победи, ја освоив на два пати Лигата
на шампионите со Милан, започнав со квалификации и чекорев од натпревар во
натпревар
“ издвои Анчелоти.

Сега мораме
истото да го повториме и со Наполи, го имаме истиот ентузијазам и желба да
одиме напред, оваа група го има шармот на едно големо натпреварување, група
која е исклучително тешка, мораме да тргнеме добро
“ заклучи искусниот
италијански фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×