Анчелоти е претплатен за победа на деби натпреварот, само реми за Артета (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денешното коло во
Премиерлигата беше нов почеток за Евертон и Арсенал, Карло Анчелоти седна на
кормилото на „карамелите“, а Микел Артета на жешкото столче на „топчиите“.

Италијанецот ја продолжи
убавата низа откако Евертон со 1-0 го совлада Барнли
. Тој стигна до победа и на дебијата со Наполи,
Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Милан и Јувентус. Има загубено само еднаш, на чело со
Парма во 1996 година.

За разлика од
него, Микел Артета мораше да се задоволи само со реми. Гослинг го донесе
Борнмут во водство а Обамејнаг во вториот дел се погрижи за поделба на
бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×