280
Фудбалерот од средниот ред, Коби Мејно според последние информации донел одлука да го напушти Манчестер јунајтед.
Се поврзуваше Мејно со заминување и во текот на летото, но на крајот остана во клубот. Јунајтед не сакаше да го испрати на позајмиц, Аморим истакна дека верува во него и дека гледа потенцијал.
Сепак, во Премиер лигата на пет натпревари доби вкупно 80 минути игра, а на две воопшто и не влезе. Единствен натпревар кој го одигра од пчетокот до крајот беше против Гримзби во Лига Купот.
Засега не е познато дали Мејно ќе замине во трансфер или позајмица, меѓутоа за очекување е да ја промени средината.