Аморим зборуваше со португалските новинари за неговата иднина! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим не сакаше да им открие на португалските новинари дали ќе се пресели во Манчестер јунајтед.

Утринава има информации дека позитивно завршиле преговорите меѓу Аморим и Манчестер јунајтед, останува уште двата клуба да се договорат и тој да се пресели во Премиерлигата.

Оваа тема е интересна и за медиумите во Португалија, дали стратегот ќе го напушти Спортинг среде сезона за да се пресели на Олд Трафорд.

„Го очекував ова прашање и јасно е дека нема да зборувам за мојата иднина. Нема да зборувам за мојата иднина бидејќи без разлика што кажувам, постојано треба да зборувам за тоа. Од првиот ден кога дојдов, реков дека не вреди да ме прашувате за мојата иднина бидејќи нема да давам коментари на таа тема. Горд сум што сум тренер на Спортинг“, изјави Аморим.

Се верува дека неговото одбегнување да даде одоговор значи дека тој е пред преселба во Манчестер јунајтед, во спротивно ќе кажеше дека останува во португалскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани