192
Екипата на Манчестер јујнајтед летово потроши многу пари на засилувања, меѓутоа почетокот на сезоната не ветува премногу.
Ако во минатото коло загубија од Арсенал, но прикажаа добра игра, денеска против Фулам ги потсетија навивачите на проблемите од минатата сезона одигрувајќи 1-1.
Бројките не се на страната на Аморим, па ако нешто не се промени во наредните натпревари многу брзо би можеле да видиме смена на клупата.
Аморим од своето доаѓање го водеше Манчестер јунајтед вкупно на 29 натпревари и во нив „цвените ѓаволи“ претрпеа дури 15 порази, победија само на седум и ремизираа исто така на седум средби.