Рубен Аморим веќе почнал да го крои тимот за следната сезона, а нападот е приоритет за новиот стратег на Манчестер Јунајтед. Според медиумите од Островот, Португалецот идентификувал неколку потенцијални засилувања во офанзивниот дел, свесен дека „црвените ѓаволи“ имаат сериозни проблеми со ефикасноста.
Јунајтед постигна само 42 гола на 36 натпревари во Премиерлигата, што ги става на петтото место одоздола според бројот на постигнати голови. Полоши од нив се само Евертон, Ипсвич, Лестер и Саутемптон.
Прва желба на Аморим наводно е Матеус Куња од Вулверхемптон. Бразилецот има одлична сезона со 15 гола во лигата, а неговата откупна клаузула се движи околу 60 милиони евра.
Се разгледуваат и други опции – Лиам Делап од Ипсвич Таун (22) се смета за интересна инвестиција за иднината, додека Антоан Семењо од Бормут би можел да донесе експлозивност на крилната позиција.
Јасно е дека Аморим сака поефикасен Јунајтед, а летово би можеле да следиме вистинска реконструкција на нападот.