Аморим се премисли: Рашфорд добива нова шанса?

by Стефан
1 минути читање

Meнаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Амoрим одлучи да му пружи нова шанса на Маркус Рашфорд и напаѓачот се најде во составот за вечерашниот натпревар против Њукасл.

Не е познато дали Рашфорд ќе биде стартер, а во составот се враќа по суспензијата на Бруно Фернандеш и повредата на Мејсон Маунт.

Многумина веруваат дека ова можеби е и последна шанса за Рашфорд да се докаже пред Аморим во спротивно би можел да замине уште во јануари.

Манчестер јунајтед е во серија на лоши резултати, го победи Манчестер сити на 15 декември, но пред и после тоа не се прослави, па се наоѓа на 14-то место на табелата.

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл се игра вечерва од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани