Аморим: Побарав од Јунајтед да одам таму по крајот на сезоната, но тие ми рекоа сега или никогаш!

by riste
1 минути читање

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим за португалските медиуми им објасни на навивачите на Спортинг Лисабон зашто сега ќе замине во Премиерлигата.

На фановите, но и на фудбалерите на Спортинг не им се допадна одлуката на Аморим да го напушта клубот среде сезона која им оди одлично. Тој се обиде да им објасни зошто сега заминува.

„На стартот од сезоната зборував со претседателот и му реков дека ова е моја последна сезона во Спортинг“, вели Аморим.

„Сезоната почна многу добро, а потоа се појави Манчестер јунајтед и ја плати клаузулата. Никогаш не сум имал кавга со претседателот“.

„Го прашав Манчестер јунајтед дали може да им се приклучам по крајот од сезоната. Тоа беше тоа што го сакам, но од Манчестер јунајтед ми рекоа не. Сега или никогаш. Па требаше да донесам одлука и реков да“.

„Имав добиено понуди од многу клубови во изминатите месеци, но клубот кој го сакав беше Манчестер јунајтед“.

„Ниту еден фан на Спортинг не скал да останам до крајот на сезоната повеќе отколку што јас сакав, но тоа беше невозможно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани