1,1K
Рубен Аморим четврти пат по ред не го стави Маркус Рашфорд во составот на Манчестер јунајтед, напаѓачот не е ниту на клупата за резерви.
Манчестер јунајтед реди порази, притисокот врз Аморим се зголемува, па неговите потези се гледаат низ лупа.
Највпечатливиот потег е изоставувањето на Маркус Рашфорд од тимот.
„Само го правам тоа што мислам дека е најдобро за тимот. Ќе продолжам со мојата идеја до крај“, вели Аморим на прашањето за изоставувањето на Рашфорд.
„Причината за изоставувањето е секогаш иста. Па ако не е тука, може сами да заклучите зошто не е“