Tренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим нагласи дека Лигата на Европа за него не е приоритет, иако како изгледаат „црвените ѓаволи“ во овој момент тешко е да се верува дека би триумфирале и во ова натпреварување.
„Нашите навивачи се надеваат на освојување на Лигата Европа за да обезбедиме место во Лигата на шампионите и тоа можам да го разберам, но оваа генерација на Манчестер јунајтед има поголеми цели од освојување на Лигата на Европа“, изјави Аморим.
Нагласи Аморим и дека е свесен дека неговите зборови во овој момент звучат малку чудно.
„Знам дека моите зборови звучат малку чудно во овој момент. Ние градиме нешто квалитетно и големо и треба да се фокусираме на нашата работа. Сепак, тоа не значи дека нема да се бориме за трофеј во секое натпреварување каде што играме“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед утре од 18:45 часот гостува кај Реал Сосиедад во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа.