119
По вчерашниот меч на Спортинг, на прес-конференцијата Рубен Аморим одговараше и на новинарски прашања поврзани со Манчестер јунајтед.
Колку и да ги одбегнуваше одговорите, прашањата на новинарот беа такви да Аморим мораше да потврди дека е во преговори со Манчестер јунајтед и наскоро ќе се пресели таму.
„Треба да почекаме уште малку, по што ќе објаснам се што треба да објаснам и се ќе биде појасно“, вели Аморим.
Новинарот поентираше дека фактот што Спортинг ја извести берзата за намерата на Манчестер јунајтед да ја плати клаузулата од 10 милиони евра, мора да значи дека англискиот клуб добил зелено светло и од тренерот.
„Да, одлуката е моја, ќе кажам се, треба само да почекаме“.