3,2K
Рубен Аморим подготвува голема чистка во Манчестер јунајтед, повеќе од половина тим може да биде продаден со цел стратегот да го скрои тимот по свој мерак.
„Ѓаволите“ ќе претрпат големи промени во следниот период со цел да се прилагодат на стилот на игра кој сака да го наметне тренерот Рубен Аморим.
Како што пренесува Скај Спортс, ќе има голема чистка во следните два преодни рока, и повеќе од половина тим оди на продажба.
Во моментов сигурно се играчи како Коби Мејну, Мазрауи, Амад Диало, Де Лихт, Јоро, Онана и уште двајца или тројца клучни фудбалери.