Аморим откри што го загрижува во Манчестер јунајтед во овој момент

by Стефан
1 минути читање

На Манчестер јунајтед не му оди ниту со Рубен Аморим на клупата, „црвените-ѓаволи“ имаат осум порази на последните 12 натпревари.

По натпреварот против Тотнем, Португалецот зборуваше и за проблемите со кои се соочува откако е во тимтот.

„Мојата работа е исклучително тешка. Имам многу повредени фудбалери. Против Сапрс не можев да сметам на 12 фудбалери бидејќи беа на листата повреденi. Поради тоа на клупата за резерви имав осум тинејџери. Но, нема да се предадам, ниту да се откажам од мојата идеја“, изјави Аморим.

Португалецот не е загрижен за неговата работа, но го загрижува погледот на табелата.

„Не сум загрижен за работата. Ме загрижува само погледот на табелата“, призна Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×