Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска им приредија уште едно разочарување на навивачите и беа поразени од Брајтон со 1:3 на свој терен, а искрен по поразот беше тренерот Рубен Аморим.
На Рубен Аморим тешко му оди како што беше случај и со неговите претходници, а очигледно и тој самиот е свесен во каква ситуација е тимот.
„Уште еден пораз на домашен терен, вакви работи се неприфатливи. Начинот на кој играме, примаме голови. Играме фудбал, но малку време од натпреварот“.
Киксот на Онана е можеби одлучувачкиот натпревар во денешниот натпревар.
„Да, се почувствува на стадионот, но не можете така да го завршите натпреварот. Не е важно каков е резултатот, ние мораме да бидеме подобри како тим“, изјави Аморим.
Сепак, нема да го менува својот начин на работа.
„Имам јасен начин на кој работам. Мислам дека на сите им е јасно што ќе направиме, но мораме да бидеме подобри. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер јунајтед“, искрено зборуваше Аморим.