493
Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер Сити на Олд Трафорд заврши со непопуларните 0-0, Рубен Аморим пропушти по трет пат оваа сезона да слави во пресметките против Пеп Гвардиола.
Дербито на Манчестер ги разочара неутралните љубители на фудбалот, Јунајтед и Сити пружија многу борба, но малку 100% шанси и ниту еден гол.
„Ѓаволите“ имаа неколку добри прилики, особено во завршниот период од мечот, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на Едерсон.
На спротивната страна, без повредениот Халанд, „граѓаните“ се заканија со удари од далечина, но Онана беше на висината на задачата.
На крајот бодовите беа поделени, а Рубен Аморим пропушти по трет пат оваа сезона да слави во пресметките против Пеп Гвардиола.