Рубен Аморим не верува многу во Коби Мејно, но младиот Англичанец има голем број на обожаватели и се наоѓа во бележникот на преку 10 клубови.
Коби Мејно е една од топ темите на „островото“, фудбалерот од средниот ред има ограничена минутажа и се чини дека не е во плановите на тренерот Рубен Аморим.
Се говореше за можноста тој да замине во јануари, но Брајан Мбеумо, Амад Диало и Нусаир Мазрауи ќе заминат на Африканскиот куп на Нации, па Рубен Аморим не сака да остане и без Коби Мејно.
На вчерашниот натпревар против Борнмут, братот на Англичанецот привлече огромно внимание откако се појави со маичка на која пишуваше „Ослободете го Коби Мејно“ и ова сигурно само дополнително ќе ја подгрее атмосферата.
А како што пренесува Телеграф, интересот за Коби Мејно е огромен и тој има обожаватели низ цела Европа, преку 10 клубови сакаат да го ангажираат:
Наполи
Фулам
Челси
Евертон
Лидс
Манчестер Сити
Њукасл
Тотнем
Атлетико Мадрид
Барселона
Реал Мадрид
ФОТО: X/Manchester United